Коронавирусот ја стопираше реконструкција на регионалниот штипски ковид центар. Европските 200.000 евра мора да се искористат до јуни 2021 година, но поради големиот број на хоспитализирани пациенти на ова одделение градежните работи никако да почнат.
Директорот, Ален Ѓеорѓијев вели дека една од опциите е да побараат одложување на проектот, а втората е да се монтира модуларната болница, со што ова одделение би добило нова фасада, прозорци и рампа за лицата со инвалидитет.
И кочанската болница ги чека модуларните објекти, таму веќе еднa недела пациентите со коронавирусот се сместуваат на интерното одделение
Сите болнички капацитети на истокот се речиси исполнети, во моментов активни се 700 случаи, од кои најмногу во Кочани, Штип и Делчево.
Викторија Јованова