Голем број од случаите на КОВИД -19 во Гевгелија имаат потешка клиничка слика со бронхо-пневмонија и потреба од посериозно лекување, велат од Центарот за јавно здравје.
Оттаму потенцираат дека ова е очекувана ситуација откако вирусот поминал низ помлади и поздрави луѓе со што се враќа во посилна форма.
Зголемениот број случаи отвори потреба и од дополнителен капацитет, па
болниците се обидуваат да адаптираат дел од постоечките капацитети или
да доизградат нови.
Поради зголемениот број на случаи со КОВИД -19 гегелискиот штаб за
заштита и спасување одлучи да се затворат влезовите на градсакиот
пазар и да функционира само еден, а затворена е и градската капела.
Сузана Мицева