Преку видео обраќање и транспаренти на кои пишуваше Спас за Лешница, преку повици: „Запрете ја хидро-мафијата“ и „Не го уништувајте срцето на Шара“,планинари и граѓански активисти вчера во месноста Долна Лешница на Шар Планина го изразија својот револт од почетокот на изградбата на мала хидроцентрала во ова познато излетничко место.
Побараа од надлежните државни институции итно да ја запрат изградбата на овој објект, кој, велат, трајно ќе ја уништи реката Пена.
Месноста Лешница со своите убавини оваа година привлече рекорден број посетители, кои за жал зад себе оставија голем неред.
Планинарскиот клуб Јелак организираше еколошка акција, при што беа собрани повеќе вреќи смет.
Ѓубрето кое беше собрано беше транспортирано од самата Лешничка долина сѐ до Тетово.
Данијела Билбилоска