Свет Топ вести

Во Велика Британија нови рестриктивни мерки

Британската влада има намера да воведе целосен карантин во поголемиот дел од северна Велика Британија, а варојатно и во Лондон, со цел да се бори против вториот бран на пандемијата на коронавирусот, објави „Тајмс“.

Новите мерки предвидуваат затворање на сите пабови, ресторани и барови во период од две недели.

Претходно оваа недела, премиерот Борис Џонсон рече дека воведувањето на ограничувачки мерки ќе ги загрози работните места, секојдневниот живот на граѓаните и контактите со луѓето.

„Тајмс“ наведува дека ќе бидат забранети и средби на членови од различни домаќинства во затворени простории.

Велика Британија минатата недела воведе мерки со кои се бара сите вработени кои можат да работат од дома, рестораните и баровите се затвораат рано, со цел да се спречи ширењето на вториот бран Ковид-19. Овие мерки се очекува да бидат во сила шест месеци.

Училиштата и продавниците можат да работат, како и фабрики и компании каде работниците не можат да работат од дома, наведува Тајмс, повикувајќи се на висок извор од владата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе