Македонија Топ вести

Општина Центар чека предлог од култура, од владата тврдат не барале уривање на Порта Македонија

Општина Центар да го  ревидира ДУП за Мал ринг во кој влегуваат спомениците од 2014 и да провери дали истиот е усогласен со забелешките и мислењата на наделжните инстуции,  ова тврдат од владата и го предложиле на општина Центар а не уривање на Порта Македонија и споменикот Мајка Тереза, стои во писмениот одговор Телма.

Со мислењето дадено до Општина Центар, Владата не укажува дека треба  да се руши  кој било од споменатите објекти, туку препораката е  дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна  на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата кои се дадени и од Комисијата.  Конкретно објектот Порта Македонија не попречува пешачки ниту моторен сообраќај, низ уличната мрежа скојдневно минуваат пешаци и возила, односно дозволена е непречена комуникација.

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ за Телма потврди дека го добил заклучокот на владата даден во форма на мислење со кој меѓу другото се предлага во новиот ДУП да ги нема спомениците за Мајка Тереза и порта Македонија. Но општината Центар ќе чека Министерството за култура да се произнесе кои да бидат следните чекори бидејки  министерството е инвеститор и тоа може да се откаже од спомениците, објаснува Богдановиќ

Летоска додека траеше јавната анкета за ДУП Мал Ринг, работната група за справување со последиците од проект „Скопје 2014“, испрати допис до општинските власти во кој предлага да бидат обележани и дислоцирани сите незаконски подигнати споменици, меѓу кои и спомениците Мајка Тереза и Порта Макеоднија.

Но покрај ова Владата ги имала предвид и мислењата на повеќе институции. Владата и укажала на општина Центар и да не дозволи: изградба на нови градби на празните простори, спроведување на било какви градежни интервенции во паркот на „Жената борец“, измена на габаритот и висината на објектите во границите на контактната зона; измена на уличната мрежа измена на формата и големината на катастарските парцели и др.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе