Неколку бездомни кучиња постојано се на тротоарите пред куќите во близина на Општината во Тетово. Семејствата кои живеат тука, стравуваат за нивната безбедност. Се жалат дека кучињата не ретко се аргесивни, особено во вечерните часови, а дополниетно немаат мир од нивниот лаеж. Се обратиле до Општината , но немаат одговор.
Жителите на Тетово потенцираат дека овој проблем е актуелен речиси во сите населби.
Од Општината велат дека од пред извесно време работи стационарот во кој се кастрираат и вакцинираат кучињата, но според нив бројот е зголемен затоа што се носат од други населени места, а што ќе побараат асистенција од полицијата.
Со истиот проблем се соочуваат и гостиварци. Градските улици се полнат со кучиња скитници, а граѓаните стравуваат од напади. Работата на стационарите за третман на кучињата е на пауза, поради пандемијата и изборите.
Од гостиварската локална самоуправа дел од проблемот го лоцираат и во носењето на кучиња од други градови, што според нив треба да го спречи полицијата.
Данијела Билбилоска