Ковид19 Свет

Мобилните телефони ја пренесуваат заразата, тврдат италијански експерти

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим.

Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека 93 проценти од студентите кои се на пракса во болнички одделенија користат мобилни телефони за време на нивната работа, а само 16 проценти потврдиле дека при тоа носат заштитни ракавици.

Истражувањето е спроведено во текот на две учебни години, 2018-2019 и 2019-2020 година, и двата пати беше потврдено дека огромното мнозинство од испитаниците за време на нивниот престој во одделенијата со пациенти користат мобилни телефони, без да користат заштитни ракавици или да менуваат ракавици по користење на мобилни телефони.

Само три проценти од испитаниците потврдиле дека ги дезинфицираат своите мобилни телефони секој ден.

Овие навики, користење на мобилен телефон во одделите каде што се пациентите, можат да ги поништат ефектите од процедурите за дезинфекција на кои се подложува медицинскиот персонал кој е во контакт со пациентите, бидејќи рацете, иако претходно биле дезинфицирани, можат да станат извор, односно пренесувач на вирусот поради микроорганизми кои се собираат на телефоните, рече професорот Џанлорето Д’Ало.

Авторите на истражувањето сугерираат мобилните телефони редовно да се чистат, а доволно е да се користат салфетки натопени во раствор со најмалку 70 проценти алкохол.

Резултатите од студијата се објавени во медицинското списание „Патничка медицина и заразни болести“ (Travel Medicine and Infectious Disease).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе