Вести Македонија Топ вести

Жителите на општината Ѓорче Петров со барања за ревидирање на новиот ДУП Јурија- Дексион

Во саботата протестираа, а денеска жителите на „ Ѓорче Петров“ , доставија барање до градоначалникот Наумоски и до Советот, за ревидирање на усвоениот нов ДУП „Северозапад-24“, за месноста Јурија – Дексион. Според планот,  предвидена е изградба на разбиена висококатница со стотици станови, со која жителите на „ Ѓорче“ не се согласуваат во интерес на зеленилото. Нивното барање е во три точки.

  • Под еден: Намалување на катноста на зградите и укинување на уредбата што дозволува висина од 58 метри или 17 ката. Под два: Да се намали бруто градежната површина која сега изнесува над 90 000 метри квадратни и 800 станови. Под три: Намалување на опфатот на градешната подршина и зголемување на површината на зеленилото, вели Горан Костов- „ Иницијатива против урбано дивеење во Ѓорче Петров

Од Иницијативата од каде се пожалија на нови градби и во урбаната заедница Хром, го повикаа градоначалникот и Советот, да застанат на старана на хуманото живеење на граѓаните, а не на урбаната мафија и профитот. Очекуваат барањата да бидат разгледани на следната седница на општинскиот Совет, а доколку тоа не се случи, најавија обжалување на ДУП-от пред Уставниот суд и нови протести пред зградата на општината Ѓорче Петров. Од таму пак со одговор дека новиот план нуди современ концепт за развоните потреби и дека одобрение за градење се уште не е дадено.

  • Максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на целата површина за градење со височина од 58 метри. Со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината, соопштија од општината.

Протокот на воздух нема да биде спречен, планирана е и изградба на парк на површина од над 4000 метри квадратни. Сепак кога ќе стигне ќе биде разгледано барањето на Иницијативата, дополнуваат од општината Ѓорче Петров.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе