На првиот ден од Отвореното тениско првенство на САД на терените на Флешинг Медоуз ќе се појават првите носители на турнирот во машка и женска конкуренција.
На централниот терен прва ќе настапи Каролина Плишкова која за противничка ја има Анхелина Калинина од Украина. Веднаш потоа следува мечот меѓу петтиот носител во машка конкуренција Александер Зеверев и Кевин Андерсон од Јужна Африка.
Во вечерниот термин првиот фаворит кај мажите Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина, а програмата на теренот Артур Еш ќе ја комплетираат четвртата носителка Наоми Осака од Јапонија која ќе игра против сонародничката Мисаки Дои.
На теренот број 2 или на стадионот Луис Армстронг првиот меч ќе го одиграат Анжелик Кербер и Алја Томљановиќ, а по неговото завршување следува дуелот Денис Шаповалов – Себастијан Корда.
До крајот на денот ќе се одиграат уште мечевите Кори Гоф – Анастасија Севастова, Стив Џонсон – Џон Изнер и Татјана Мариа – Алисон Риске.