Новиот кабинет на Владата со имињата кои вчера ги предложија СДСМ и ДУИ покажува дека акцентот ќе биде кон правдата а охрабрувачки е што се кратат министерства за да има поефикасна администрација, нешто што го бараше критичката јавност, сметаат аналитичарите. Сепак не се знае како ќе се однесуваат министрите, дали и колку ќе соработуваат изатоа ќе треба да се почекаат неколку месеци за да се видат резултатите.
Аналитичарот Петар Арсовски смета дека иако мнозинството во парламентот брои 62 пратеници ќе може да се носат клучните закони за кои е потребно двотретинско мнозинство нешто што веѓе се покажало во минатото.
Шестмина актуелни пратеници од Коалицијата „Можеме“ ќе бидат членови на кабинетот на мандатарот Заев и поради тоа ќе мора да се откажат од пратетничките мандати а на нивно место ќе дојдат други кандидати кои се наоѓа на подолу на листата. Од СДСМ нагласија дека ќе се водат по принципот на родова еднаквост и при пополнувањето на испразнетите столчиња во парламентот.
Во првата изборна единица каде „Можеме“ освоија 8 мандати во Владата одат носителот Никола Димитров кој ќе раководи со Секретарјатот за европски прашања а на негово место доаѓа Мирослав Богдановски. Мила Царовска која ќе го води образованието во пратеничките клупи ќе ја замени Снежана Калеска Ванчева
Од втората изборна единица каде „Можеме“ освои 7 мандати во Владата заминува само носителот на листата Оливер Спасовски кој се враѓа во МВР а неговото место ќе го пополни Славјанка Петровска.
Двајца пратеници од третата изборна единица каде „Можеме“ освои девет мандати одат во Владата. Носителот Љупчо Николовски ќе биде вицперемиер и на негово место влегува Зеќир Рамчиловиќ а во столчето на Јагода Шахпаска која ќе ја води труд и социјала седнува Емилија Рамбабова.
Во четврата изборна единица каде „Можеме“ осови 10 мандати се празни само едно место и тоа на носителот на листата и иден премиер Зоран Заев. Негова замена во Парламентот ќе биде Драгица Ѓавончанова
И во петата изборна единица каде „Можеме“ освбои осум мандати се празни едно место. Радмила Шеќеринска останува да го води ресорот одбрана а на нејзино место доаѓа Зеќири Белкиса
Сепак ова е не е конечната листа на пратеници бидејќи допрва ќе се пополнуваат вториот и третиот ешалон и меѓу нив сигурно ќе има некој од веќе избраните пратеници чии места ќе ги пополнат кандидати кои биле под нив на листата повторно запазувајќи го принципот на родова еднаквост.
Огнен Чанчаревиќ