Уривање на правниот систем и проширување на етнодетерминираното носење на одлуки е реакцијата на правните експерти на најавата на лидерот на ДУИ али Ахмети дека Артан Груби како вицепремиер во идната влада всушност ќе кораководи со неа преку консесуално носење на одлуки. Според нив поради праксата на тајните партиските договарања треба да се почека да се види што точно договориле партиите, што го поткрепува и фактот дека мандатоарот Зоран Заев синоќа негираше дека владата ќе се раководи консезуално.
„Прв вицепремиер значи кој го менува Заев кога е отсутен. За водењето на седница или прием на делегација или слично. Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи или слично“, изјави Заев.
Сепак за универзитњетската професорка Мирјана Најчевска и идеа за такво нешто е спорно.
„Самата идеа на постоење на таков вид на поделба во владата веќе излегува надвор од она што би претставувало граѓански модел и го проширува етноделењето и во владата и во се она што претставуваат процеси на одлучување. Така што се поставува прашањето, во моментот кога тој заменик ќе претседава со владата на кој начин тоа ќе го прави во чиј интерес. Дали ќе ги застапува потребите и интересите на сите граѓани или само на една група граѓани“, вели универзитетскиот професор Мирјана Најчевска.
Според Најчевска таков партиски договор за водење на владата би било спротивно на законот и го руши правниот систем на државата.
„Функција која што може да го блокира процесот на донесување на закони, особено доколку не е допрецизирано за што се однесува консензуалноста“, вели Најчевска.
Според Законот, одлуките во владата се носат со мнозинство гласови. Според Најчевска бадинтеровиот принцип на носење на одлуки се однесува и е логично при носење на решенија кои се поврзани со идентитетот на етничките задници, но нема потреба од воведување на ваков облик на блокирање на процесот на носење одлуки за прашања и проблеми кои ги тангираат сите граѓани подеднакво.
Најчевска именување на Груби за прв-вицепремиер, функција која ја нема во Законот за влада, го толкува дека врз основа на партиски договор би можело во иднина оваа функција да се озакони.
Инаку, освен што вечара меѓу парламентарното мнозинство СДСМ – ДУИ настана какафонија во толкувањето на идната улога на вицепремиерот за политички систем, дали тој ќе биде премиер во сенка или само технички ќе го менува Заев во отуство, меѓу нив немаше несогласување околу позицијата која Груби ќе ја заземе – прв заменик-претседател на влада или позвучно, прв вице-премиер.
Законот за влада предвидува заменици на премиерот кои тој ги овластува да вршат одредена надлежност и му помагаат во работата и според Законот, нема прв, како ни втор, ни трет вицепремиер, туку само оној кој претседателот на влада ќе го назначи да го менува на владина седница.
Тамара Грнчароска