Македонија

БЕСА ќе раководи со ресорот земјоделство

Движењето БЕСА ќе раководи со ресорот земјоделство, но кој ќе биде министер ќе се знае по вечерашниот состанок на Централниот совет на партијата.

Ова го соопшти претседателот на БЕСА, Билал Касами по состанокот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со првите луѓе на останатите партии од коалицијата „Можеме“, што се одржа попладнево во седиштето на СДСМ.

Како што изјави Касами, БЕСА ќе биде дел и од другите ешалони на власта и ќе добие заменици министри и директори на институции.

Движењето БЕСА ќе има важна улога во владејачкото мнозинство. Ќе раководиме со ресорот земјоделство и сигурно во другите ешалони на власта ќе имаме важна улога, во делот на замениците министри и дирекрори на важни институции. Ова ќе биде придобивка за сите граѓани независно од нивната партиска или друга припадност. Сите функционери на БЕСА ќе бидат во нивна служба, рече Касами.

Тој најави дека во 19 часот вечерва ќе се одржи состанок на Централниот совет на партијата, на кој, меѓу другото, ќе се одлучи и кој ќе биде министер за земјоделство.

Се уште не би можел да кажам кој ќе биде министер. По седницата на Централниот совет ќе ја имаме и таа информација, дополни Касами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе