Иако од завршувањето на Летните олимписки игри во Лондон минаа осум години Светската анти-допинг агенција и натаму ги анализира примероците земени во текот на натпреварувањето.
Од вкупно 5000 примероци земени од урината и крвта на спортистите повторно се анализирани скоро две третини и до овој момент изречени се санкции за 139 спортисти.
Поради позитивни допинг тестови одземени 39 медали од кои 13 златни. Шеесет и петмина натпреварувачи се казнети по повторна анализа на примероците со што ВАДА испраќа јасна порака дека користењето стимулативни средства може да донесе моментален резултат, но дека во иднина измамата може да се открие и санкционира.
До овој момент Олимпијадата во Лондон е рекордер по бројот на спортисти кои користеле допинг.
Водечки на листата со вкупно 46 суспендирани спортисти е Русија. Втора е Украина со 17, а следуваат Белорусија со 15 и Турција со 14 натпреварувачи.
Најмногу од нив дури 91 се атлетичари, 34 се натпреварувале во кревање тегови, а по четири се дел натпреварите во велосипедизам и борење.
Со повторната анализа на примероците која е во согласност со правилата на Интернационалниот олимписки комитет Лондон го надмина Пекинг каде за време на Игрите и подоцна откриени се вкупно 81 спортисти кои користеле допинг.