Македонија

Новата учебна година е предизвик за општина Тетово

Мора внимателно да се одлучи кој модел на настава ќе се избере во Тетово во новата учебна година, бидејќи оваа општина е едно од жариштата со коронавирусот. Треба да се има предвид фактот дека одделенијата имаат поголем број ученици и дека дел од средношколците патуваат. Приоритет мора да биде здравјето на сите, вели раководителот на Секторот за јавни дејности, Ахмед Ќазими.

Одделенската наставничка Соња Трифуновска, водена од долгогодишното работно искуство, смета дека децата од почетните одделенија треба да бидат физички присутни во училишните клупи, додека за поголемите ученици, наставата да се одвива онлајн.

Трифуновска, чија работа во воспитно-образовниот процес е признаена од страна на Бирото за развој на образованието, како една од 100-те просветни работници во земјава за изработка на квалитетни видео лекции, вели дека сега наставниците се поподготвени за онлајн настава, бидејќи дел од нив следеле обуки и вебинари за примена на дигиталните алатки.

За децата од предучилишна возраст, пак, во тетовските градинки се прават анкети со родителите, дали имаат неопходна потреба да ги носат во градинка, за што ќе треба да приложат потврди дека нивната работа не можат да ја извршуваат од дома.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Мицкоски на средба со Стармер во Тирана – Ќе има ли стратешки договор?

Дејан Дејан

Суспендиран битолски инспектор чија викендичка беше опфатена со контроли за нелегално изградени објекти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе