Македонија Топ вести

Пет розови фламинга во посета на Преспанското Езеро

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

– Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа, информираат од МЕД.

Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе