Македонија Топ вести

ДУИ и СДСМ почнаа поделба на одговорности

Разговорите меѓу СДСМ и ДУИ за продолжувње на владината коалиција напредуваат со поделба на ресори и кадри кои ќе управуваат со нив. Ова може да се заклучи од кусото соопштение по средбата на генералните секретари на двете партии: Љупчо Николовски и Артан Груби.

СДСМ и ДУИ: Започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорности во идната коалиција, како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат.

 Двете партии објаснуваат дека работат на хармонизација на поединечните изборни програми во заедничка предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

За составување програма но и состав на Владата, им преостануваат уште 18 дена. Нема информација дали е постигнат договор околу премиерската позиција и дали може да се постигне компромис во ваков случај кога СДСМ инсистира мандатарот Зоран Заев да биде премиер сите 4 години, а ДУИ бара исполнување на нивното изборно ветување: време е за премиер-албанец.

Коалицијата Алијанса-Алтернатива нема намера да се вклучи во преговорите за составување Влада се додека не се исцрпат сегашните разговори. Генералниот секретар на Алијансата, Арбен Таравари, во телевизиско интервју изрази уверување дека СДСМ и ДУИ, плус ДПА, ќе направат Влада поддржана од нивните 62-ца пратеници и дека со преговорите само прават театар.

ВМРО ДПМНЕ се уште докажува дека претседателот Пендаровски постапил неуставно доделувајќи му го мандатот на Заев без цврст доказ за мнозинска парламентарна поддршка. Размислуваат да побараат правна разврска од Уставниот суд.

 Завчера, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, стана мандатар. До 2 септември треба да предложи програма и состав на Влада, кои ќе бидат прифатени од најмалку 61 пратеник. Претходно, Собранието треба да ја заврши конститутивната седница и да избере претседател, кој ќе стекне право да закаже нова седница за избор на Влада.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе