Македонија Топ вести

160 нови случаи корона вирус, 3 починати и 368 оздравени – дневен биланс од пандемијата корона вирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.

Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12515,  бројката на оздравени пациенти е 9030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2950. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5325, активни 986
  • Куманово 1233, активни 243
  • Дебар 224, активни 65
  • Штип 1027, активни 293
  • Прилеп 352, активни 32
  • Тетово 1123, активни 156
  • Струга 503, активни 169
  • Велес 241, активни 28
  • Битола 179, активни 78
  • Охрид 305, активни 78
  • Кавадарци 147, активни 106
  • Гостивар 623, активни 264
  • Гевгелија 27, активни 9 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
  • Струмица 49, активни 20
  • Крива Паланка 28, активни 5
  • Радовиш 36, активни 8
  • Крушево 16, активни 2
  • Кочани 128, активни 34
  • Пробиштип 67, активни 18
  • Демир Хисар 53, активни 34
  • Македонски Брод 63, активни 48
  • Пехчево 8, активни 2
  • Берово 12, активни 7
  • Валандово 8, активни 2
  • Виница 44, активни 39
  • Делчево 7, активни 2 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 15, активни 3
  • Свети Николе 258, активни 67
  • Кичево 234, активни 133
  • Ресен 146, активни 9
  • Неготино 34, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2172 теста се преку: ИЈЗ-851, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-356, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-267, Систина со PCR метода -264, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-102, Инфективна клиника-8, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 123122 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе