Македонија Топ вести

Од утре влез во Србија и Црна Гора со негативни ПЦР тестови

Нема повеќе слободен влез во Србија за македонските граѓани,

Од утре на територијата на нашиот јужен сосед, македонците ќе може да влезат единствено со негативен ПЦР тест и тоа не постар од 48 часа, одлучи кризниот штаб за справување со пандемијата корона вирус во Белград.

Донесовме одлука од кои земји странците кои влегуваат во нашата држава треба да имаат ПЦР тестови кои не се постари од 48 часа и тоа се Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија. Исто така донесовме одлука за укинување на рестрикциите кои важеа за граѓаните на Црна Гора при влез во нашата земја и сите овие мерки ќе стапат на сила од утре, 15-ти август, 2020-та. Проценката е донесена пред се врз основа на актуелната епидемиолошка ситуација, како и на основа на трендот на зачестеност на заболувањата кои се забележуваат последните денови, вели епидемиологот Дарија Кисиќ -Тепавчевиќ.

Српските здравствени власти одлуката ја образложуваат со загриженоста дека преку слободниот влез на граѓаните на 4-те држави, меѓу кои и Македонија, ќе ја загрозат се постабилната епидемиолошка ситуација во својата земја.

Сега сме сведоци дека имаме се поповолна епидемиолошка ситуација во нашата земја, една по една ги затвораме Ковид болниците и сакаме таквата ситуација да ја задржиме, да имаме стабилна епидемиолошка ситуација, затоа што знаеме дека ни претстои и отворањето на училиштата и периодот кога е сезона на респираторните инфекции и сакаме да ги преземеме сите мерки да го намалиме внесувањето на нови извори на заразата во нашата земја, оценува Кисиќ – Тепавчевиќ.

Овие мерки засега нема да важат за српските граѓани кои доаѓаат од овие 4 земји.

Македонските власти се уште немаат добиено официјален допис од властите во Белград за воведувањето на мерката, потврдија за Телма од комисијата за заразни болести и од МВР.

Само за потсетување, Србија еднаш веќе прогласи победа над коронавирусот по што следуваше драматична ескалација на здравствената криза со зголемување на бројот на болни и смртни случаи.

Добра вест за Македонија, особено за луѓето кои се уште не одлучиле каде да заминат на летување е најавата која доаѓа од Подгорица, дека Црна Гора ќе ги отвори границите за државјаните на 5 земји од соседството.

Според директорот на црногорскиот институт за јавно здравје, Бобан Мугоша, оваа одлука ќе се донесе врз основа на епидемиолошката ситуација во регионот, но и заради гласните барања на туристичките работници и економски причини.

Најверојатно утре ќе бидат отворени границите, не само за Србија, туку под истите услови, за Босна, за Србија, за Косово, Албанија и за Македонија. Значи за сите земји од Западен Балкан. Со тоа што, ќе има и услов. Сигурно тоа ќе биде ПЦР тест, негативен или позитивен ИГГ тест, тоа е тест кој кажува дека сме ја прележале болеста. Со тоа ќе бидат задоволни и нашите туристички работници кои толку инсистираат, како и угостителите а секако ќе живне и економијата, вели директорот на црногорскиот институт за јавно здравје, Бобан Мугоша.

Иако беше најавено дека и Грција ќе воведе негативен ПЦР тест за камионџиите кои влегуваат на територијата на нашиот јужен сосед, според МВР, таква одлука денеска не била донесена од грчките власти.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе