Македонија Топ вести

Се одложуваше повеќе од девет месеци, а се се изрече пресуда за повеќе од 10 часа

Екс претседателот на кривичен Владимир Панчевски од синоќа е на слобода. Излезе од притвор откако експресно беше осуден од велешкиот суд на три и пол годишна затворска казна.

Но она што остана како неодговорено прашање е зошто додека претходните рочишта или се одложуваа поради негово или отсуство на адвокатите, овој пат ним им се брзаше, а судијката Валентина Горѓиевска им удоволи. На вчерашното маратанско судење кое траеше 12 часови, сведочеше сведок, се одлижи сведочењето на вештакот, се направи увид во 45 обемни предмети, се изведоа материјални докази, се ислуша обвинетиот, следуваа завршни зборови на обвинителката, адвокатите и Панчевски за на крај за 50 на минути да се напише и изрече и пресуда. Овие прашања остануваат дилема и За коалицијата сите за правично судење која го мониторираше целиот процес.

Основниот суд Велес досега нема одржувано вакви маратонски судења што траат дури и по истекот на работно време на судот, а особено не по барање на одбраната на обвинетите во постапката. Ваквата „динамика“ е симптоматична доколку се доведе во корелација со претходниот тек на судската постапка којашто како што напоменавме се одлагаше повеќе од 9 месеци, за потоа да се изрече пресуда на рочиште коешто траеше повеќе од 10 часа, и тоа откако претходно беше определен притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката, велат од коалицијата за правично судење.

А на пресудата не присуствуваше ниту обвинителката. Според обвинителството настанало недоразбирање за терминот на изрекувањето на пресудата. Но, нема одговор дали ако беше присутна ќе побараше нов притвор. Ќе ја чека пресудата во писмена форма.

И покрај тоа што телма побара став за сите отворени прашања од Велешкиот суд, сепак одговор од таму нема.

Инаку екс претседателот на кривичен е осуден за Злоупотреба на службената положба, бидејќи делел предмети на подобни судии на рака, а не преку АКМИС системот. На 10 јули судијката Горѓиева му одреди притвор како мерка со која ќе го обезбеди на судење. Но него го немаше, па беше распишана и потерница по него. На денот на изборите сам се пријави во Шутка, вчера инсистираше на брза пресуда за да излезе. И додека се читаше кусото образложени дека имало плејада на докази за да се огласи за виновен, новинарските екипи не смееја да користат ниту камери ниту мобилни телефони. И покрај укажувањето дека постои судско медиумски совет формиран само поради зголемување на транспарентноста на судењата од велешки суд и денеска молчат.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами: За промените на министри потребен е политички договор

Дејан Дејан

Битолското обвинителство бара продолжување на мерката- замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе