Македонија Топ вести

Секое трето дете во Македонија живее под прагот на сиромаштијата

Секое трето дете во Македонија ќе живее во сиромаштија а нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сирмаштијата бидејќи нивните родители ги загубиле множностите за приход, зголемен е бројот на деца жртви на семејно насилство кое се должи на затварањето на училиштата и полициските часови а квалитетот на образованието кое го добиваат преку онлајн учењето не е доволен особено во стручните училишта.

Ова се дел од наодите од истражувањето кое го спроведе УНИЦЕФ и „Фајнанс Тинк“ околу социјалните и економските ефекти на КОВИД-19 врз децата во Македонија.

Епидемијата на коронавирусот најмногу се одрази врз семејствата со три или повеќе деца и токму оваа категорија ќе бележи најголем број на деца кои ќе живеат под прагот на сиромаштијата. Јазот меѓу тие што и9маат и немаат се продлабочил а сиромашните семејства станале уште посиромашни. Ако во 2018 година процентот беше 29 отсто, сега со новите 16 илјади деца тој процент се искачи на 33,3 отсто. Само 6 отсто од барањата за гарантирана минамална помош која изнесува 4.000 денари се одборени а тоа се должи на напливот и сложената процедура при одобрувањето. Затоа истражувачите од „Фајнанс тинк“ сметаат дека треба да се вовоеде втор праг на дестки додаток и поради новонастанатат ситуација да се сменат некои услови за добивање на социјална помош.

Дури во 10 отсто од регистрираните случаи на семејсно насилство жртва е токму детето. Порастот се должи на затварањето на училиштата и полициските часови поради кои децата како и останатаите членови на семејството мораа да останата во своите домови.

Забележан е и пад во квалитетот на медицинските услуги но истражувањето заклучило дека тоа пред се се должи на стравот од зараза и воздржувањето од барање на медицинска помош.

Епидемијата на коронавирусот предизвика сериозни проблеми и во наставата поради затварањето на училиштата. Он лајн наставата не се покажа како доволно ефикасна делумно поради и недоволната обученост на наставничкиот кадар.

Според истражувањето мора да се измени дел од пристапот, во пониските одделенија наставата да се одржува физички, додека во стручните средни училишта да има еден вид на хибридна настава бидејќи има предмети кои бараат задолжително физичко присуство и обука.

Слични резултати даде и истражувањето кое го спроведе Здруженито Лидери за едукација според кое во 64 отсто од случаите, еднаш во две недели или еднаш во месецот воопшто не се употребувале дигитални алатки во редовната настава, а 51 отсто од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата.

Заклучокот од истражувањето е дека секундарниот образовен систем не овозможи услови за квалитетно спроведување на далечинска настава бидејќи дигитализацијата во образованието е на многу ниско ниво. Само 51 процент од училиштата имаат интернет конекција а од нив во половина конекцијата не е отворена за користење за учениците.

Огнен Чанчаревиќ

https://youtu.be/RECmREpA9-U

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе