Вести Македонија Најважни

Македонија пред топлотен бран, влегува во жолта алертна фаза

Сончево и топло време ја очекува Македонија од денеска, кога и температурата ќе достигне 40 степени. Според најавите на УХМР, земјата влегува во жолта алертна фаза.

Многу топло ќе биде до петок до кога максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава до 40 степени. Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.

Поради топлото време од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека мобилни тимови ќе делат вода низ централното градско подрачје и поголемите автобуски постројки. Мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10 до 16 часот. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.

Се препорачува граѓаните да престојуваат повеќе во затворени простории, по можност климатизирани, а ако мора да излегуваат надвор да се одмораат почесто под сенка, да носат светла и лесна облека, како и заштитни очила и капа при директна изложеност на сонце. Да се користи и крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а не масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење и да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
При влегување во возило, пак, потребно е тоа одреден период да се проветри.
На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Во однос на храната, поради високите температури и зголемената можност за појава на труења и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка и консумирање веднаш по подготовката.
-Комисијата за следење на ефектите од високите температури во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури, наведува Министерството за здравство.
И министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил утрово ги сподели препораките за заштита од високи температури.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Внимавајте на лажни е-пораки – МВР со апел до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе