Македонија

Вишото обвинителство ќе го испитува градењето водовод во тетовско и постапувањето на тетовската обвинителка

Неколку дена по ред општина Боговиње се обидува да продолжи со изградбата на водовод за селото Синичане од изворот во месноста Буновец. Мештаните од селото Урвич не дозволуваат да се користи тој извор затоа што е во нивни атар, а посочуваат дека општината има само одлука на Совет без соодветни дозволи од надлежните министерства.

Полициски специјалци се на терен и не им дозволуваат на мештаните од двете села да сигнат до месноста Буновец.  МВР информираше дека присуството на полициски службеници на местото е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир. Портпаролот Тони Ангеловски исто така соопшти дека врз основа на прибавени податоци и информации од терен, до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Случувањата во тетовско и постапувањето на обвинителката од Тетотво ќе ги испитува и Јавното обвинителство. „Поради различните информации во медиумите и на социјалните мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во нејзиното постапување Јавниот денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да изврши увид во предметот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Внимавајте на лажни е-пораки – МВР со апел до граѓаните

Дејан Дејан

Меџити со порака до Таравари: Ти не ја напушташ владата, ти ја предаде владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе