Македонија

Турситички работници во Дојран допрва ќе учат за безбеден туризам

Дојранските издавачи на апартмани ќе се едуцираат како да водат безбеден туризам во услови на пандемија. Денеска почнаа обуките на сопствениците на локалните туристички капацитети, коишто ги одржуваат лекари членови на комисијата за заразни болести со цел да се спречи ширење на вирусот во туристичките капацитети. Градоначалникот Ангов вели дека сезоната е веќе почната, а градот е полн со гости.

Локалното население вели дека  сите полека се прилагодуваат на новите услови за туризам, иако има доста непочитување на мерките.  Најмногу гости очекуваат околу Илинден, кога сезоната е во полн ек.

Дојранската локална власт ангажира и редари кои ги потсетуваат посетителите да не се групираат. Во моментов ова туристичко место има десетина активни случаи на корона – вирус.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе