Македонија Топ вести

Судиите Џолев и Рибарев сведочеа во процесот за АКМИС против нивниот колега Владимир Панчевски

Двајца претседатели на скопскиот кривичен суд, еден поранешен и еден актуелен, сведочеа денеска против нивниот поранешен колега судијата и екс претседател на судот Владимир Панчевски. Неговиот наследник Стојанче Рибарев пред судот раскажа дека кога дошол на функцијата судии му се жалеле дека се делат предмети на рака.

Судиите Весна Димишкова и Славица Андреева писмено ме известија дека дадени податоци, извлекувани од системот не даваат реален приказ, бидејќи тие судат еден вид на предмети според распоредот, а добивале друг вид. Пред моето доаѓање имало случаи на давање предмети на рака, а не по електронски систем, сведочеше тој.

Актуелниот претседател пак на кривичен Иван Џолев само раскажа дека кога тој стапил на функција, се јавиле од обвинителство и му кажале дека има истрага за Панчевски. Побарале да направи увид и да види дали има параф на дел од предметите за кои се сомневаат дека се давани кај подобни судии. Службеничка која работела на внесување предмети во системот рече дека еден од првите на СЈО и било наложено да го распредели кај судијката Тања Михајлова. Имало звучно име во него ама не се сеќава кое. Кога се обидела да укаже дека треба системот сам да избере судија, шефицата и рекла дека тоа е наредба од Панчевски.

Претходно Панчевски не сакаше да каже дали се чувствува виновен, бидејќи немал време да ја подготви својата одбрана.

Не можам да го разберам обвинението, во кое се вели дека со умисла сум го сторил делото. Барам судот да ми објасни чии права се повредени, на кој начин и какви последици имало. Тоа го нема во обвинението. Барам да ми дадете време да подготвам одбрана заедно со моите адвокати, бидејќи имав само еден викенд во кој тие немаа право на посета во затворот.

Неговите барања судот не ги прифати. Адвокатите предложија сведоци да бидат и судии меѓу кои од врховниот Лидија Неделкова, од апелација Јани Нича и Ѓоко Ристов и уште десетина од Кривичен суд, но судијката и тоа го одби.

И покрај барањето за изземање велешкиот суд останува надлежен за процесот на судијата Владимир Панчевски. Обвинет е дека дел од предметите ги давал рачно со параф на подобни судии наместо електронски АКМИС системот да ги бира. Тој се брани од притвор кој судот му го одреди оти со месеци не се појавуваше на судење.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе