Несудениот технички министер за внатрешни работи Драган Ковачки (актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ) на пратеничките прашања имаше дуел со актуелниот министер Оливер Спасовски на пратенички прашања. Му постави само едно прашања, но во својата дискусија со флоскулата „нема да ве прашам“ потпраша и за десетици други работи, истраги на МВР, тендери и мафијашки престрелки.
Во еден момент Ковачки наведе и дека нема да го праша „за убиството на младиот ракометар Тот кое било криено три дена од објавата на МВР“ за инцидентот.
Министерот Спасовски ги отфрли обвинувањата и наведе дека фотографиите објавени во јавноста (слики на осомничениот Анџело Георгиевски со Мицкоски) покажуваат дека убиецот бил близок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Убиството беше решено во најкус рок. За да криете нешто треба да имате мотив? Кој би бил нашиот мотив? – рече Спасовски кој возврати и со тврдење дека своевремено ВМРО-ДПМНЕ како власт се обидувала да го скрие убиството на Мартин Нешковски.
-Ваше обезбедување, припадници на МВР, на прослава на ВМРО-ДПМНЕ убија ваш член – истакна Спасовски.
Од друга страна, пратеникот Ковачки наведе и дека сегашниот директор на БЈБ Сашо Тасевски на 27-ми април пукаше со пиштол во Собранието и не е санкциониран, а тие како пто тврди пратеникот Ковачки кои што удриле по една клоца на „крвавиот четврток“добиле долгогодишни затворски казни.
-Актуелниот директор на БЈБ на 27 април носеше пиштол како обезбедување, спротивно на законската регулатива. Кој го санкционира него – праша Ковачки, додавајќи дека затворските казни за осудените за терористичко загрозување на уставниот поредок поради упадот во парламентот се неправедни.