Родилка од Радовиш која роди здраво женско бебе, четири дена по Нова година е првото бебе во штипскиот регион, кој години наназад се соочува со намален наталитет и иселување на младите.
Но градоначалникот Јорданов со новинарите чекаа пред вратата да ги даде подароците на мајката и на бебето.
Директорот на штипската болница, Ален Ѓеорѓијев најави дека образложението за случајот ќе го каже утре на прес конференција.
Во трите родилишта Штип, Кочани и Делчево од 1 јануари па до денеска се родени шест деца, од кои пет во Кочани.
„ Во Новата година имаме пет новородениња. Од кои четири се женски и едно машко“, вели за ТВ Телма, Александар Серафимов, директор на Општа болница- Кочани.
Брегалничкиот регион се бори против белата чума, а во него има повеќе починати од родени.
Според последните статистички извештаи регионот за 2020 е во минус од 1300 жители. Последните податоци на експертите говорат дека секој петти жител во регионот има над 65 години.
Викторија Јованова