Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски втор ден остварува поединечни средби со коалициските партнери за составот на новиот владин кабинет.
Имиња на министрите не се откриваат но се најавуваат големи изненадувања во распределбата на функциите брифира владин функционер.
Мандатарот Ковачевски во телефонски разговор за Телма рече дека консултациите се во тек, очекува да завршат во текот на утрешниот ден, претседателите на помалите партии биле запознати со кадровските решенија но на средбите било договорено да не се соопштуваат имиња во јавноста за министрите од СДСМ се додека не добијат зелено светло од највисоките партиски органи, Извршниот и Централниот одбор кои според проценките треба да заседаваат најверојатно во недела.
Очекувањата се најдоцна до вторник до Собранието да се достават програмата и предлог составот на новиот владин кабинет.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која се повлече од партиската функција вели дека задача на мандатарот е да одлучи кој ќе биде иден министер за одбрана.
Правилата за одговорност треба да важат за секој ресор.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Петров има верба дека Ковачевски ќе ги збие редовите во партијата, ќе го обедини членството, а новата Влада ќе се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните, економската и здравствената криза.
Андреј Петров: За мене Бугарите биле окупатори не администратори
ВМРО ДПМНЕ не очекува резултати од новиот состав на Владата.
Очекувањата се новата Влада да се избере најдоцна до 18 јануари. Промени кај министрите од ДУИ нема да има, освен што на Алтернатива им го отстапија министерството за информатичко општество а го добија земјоделство.
Партијата на Гаши ќе ги добие и министерствата за здравство и без ресор.
Горан Милевски од ЛДП останува да биде министер за локална самоуправа а од СДСМ ќе има нови кадри.
Јулијана Пешевска