Министрите за финансии од групата седум водечки светски економии постигнаа „историски“ договор за оданочување на мултинационалните компании. Договорот се очекува да вклучува глобална минимална стапка на данок на добивка од 15%. Со ова би биле засегнати компаниите Амазон, Мајкрософт, Фејсбук, а владите очекуваат прилив на милијарди долари потребни за справува со ковид кризата.
Групата водечки светки економии Г7 постигнаа „историски“ договор за оданочување на мултинационални компании, соопшти британскиот министер за финансии, Риши Сунак.
Министрите за финансии на состанокот во Лондон се согласија да се посветат на принципот на минимална стапка на данок на добивка од 15%.
Гигантите како Амазон и Гугл би можеле да бидат меѓу засегнатите компании.
Овој потег може да придонесе милијарди долари да се одлеваат кон владите за да ги отплатат долговите настанати за време на кризата во Ковид.
„Знаете, комплицирано е и ова е првиот чекор, ова е договор меѓу министрите за финансии на Г7 и следниот месец ќе имаме самит на министрите за финансии на Г20 за да направиме понатамошен напредок. Но, мислам дека клучната работа што треба да ја знаат луѓето е принципот на правичност“, рече британскиот министер за финансии, Риши Сунак.
Зошто се потребни овие промени? Затоа што владите долго време се справуваа со предизвикот да ги оданочуваат глобалните компании кои работат во многу земји.
Овој предивик се зголеми со процветот на големите технолошки корпорации како Амазон и Фејсбука.
Во моментов компаниите како овие можат да основаат локални филијали во земјите кои имаат релативно ниски даночни стапки на добивка и таму да пријават профит.
Тоа знечи дека плаќаат данок само според локалната даночна стапка, и покрај тоа што профитот главно се остварува од продажба извршена во други земји. Што е легални и што воообичаено се прави.
Целта на договорот е ова да се спречи на два начини:
Прво, Г7 сака воведување глобална минимална даночна стапка за да се избегне „мртва трка“ меѓу земјите кои меѓусебно би се тркале со ниски даночни стапки.
Второ, правилата имаат за цел да ги натераат компаниите да плаќаат данок во земјите во кои ги продаваат своите производи или услуги, наместо било каде да ја пријавуваат својата добивка.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека договорот „ќе го промени светот“.
Францускиот министер за финансии Бруно ле Маир ја повика Ирска, која има една од најниските стапки на данок на доход во Европската унија, со 12,5 отсто, да се „вклучи“ во иницијативата.
Водачите на седумте земји ќе ги одржуваат своите годишни состаноци на 11-13 јуни во заливот Карбис, Корнвол, на југозападот на Англија.
Билјана Ставрова