Вести Македонија Топ вести

Во 2024 година во однос на 2023 година се склучени се 12.7 % помалку бракови, а разведени за 14.7% повеќе бракови

Во 2024 година се склучени 11 066 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 12.7%. Најмногу бракови, 1 452 или 13.1%, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 661 брак или 6.0%, покажуваат бројките на Заводот за статистика.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.9% за жените и 92.3% за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.6 години за невестата и 30.1 година за младоженецот.

Во 2024 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 658 или 33.1% кај жените и 3 871 или 35.0% кај мажите.

Според возраста, најголем број разводи кај жените имало во старосната група од 35 до 39 години, односно 359 или 17.7 %, а кај мажите во старосната група од 40 до 44 години, односно 347 или 17.1%.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 488 или 24.1 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Главни поенти

Во 2024 година:

  • Бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година
  • Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.6 години за невестата и 30.1 година за младоженецот
  • Бројот на разводите е зголемен за 14.7 % во споредба со 2023 година
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе