Вести Свет Топ вести

Маск со остра критика на даночниот план на Трамп- демократите согласни со него

Елон Маск остро го нападна даночниот и буџетски план на претседателот Доналд Трамп, во својата прва јавна критика откако го напушти тимот на администрацијата.

Законот, кој вклучува даночни олеснувања во вредност од трилиони долари, зголемени воени трошоци и покачување на лимитот за задолжување на владата, веќе беше усвоен во Претставничкиот дом, а сега е пред Сенатот.

  • „Срам да им е на сите кои гласаа за ова“, напиша Маск на платформата „X“, додавајќи дека законот ќе го зголеми дефицитот до 2,5 трилиони долари и ќе ги оптовари американските граѓани со „неиздржлив долг“.

И покрај неговата претходна поддршка за Трамп, Маск сега повика на политичка одмазда: „Во ноември следната година, ќе ги смениме сите политичари кои го издадоа американскиот народ, се вели во неговата порака.

  • Белата куќа реагираше со став дека ова е „голем, убав закон“. Маск бил незадоволен од тоа што не му било дозволено воздушниот сообраќај да се води преку неговиот сателитски систем „Starlink“, поради можен конфликт на интереси.

Републиканскиот лидер Мајк Џонсон, рече дека разговарал со Маск 20 минути, и изрази жалење што тој сега се противи на мерките кои меѓу другото ги укинуваат даночните поволности за електрични возила – што директно ја погодува „Tesla“.

Демократите, пак, ги поздравија коментарите на Маск, при што лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, изјави: „Ако дури и Маск, пријател на Трамп, вели дека законот е лош – замислете колку е навистина лош.“

Трамп и републиканците се надеваат законот да биде изгласан до 4 јули.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе