Вести Свет Топ вести

Украина треба да се откаже од границите од 2022 година – Залужни на форум во Киев

Украина треба да се откаже од обидот за враќање на своите граници што беа воспоставени по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година или дури и на оние од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, изјави поранешниот украински воен командант.

Валериј Залужни, во моментот амбасадор на Украина во Лондон, беше сменет од позицијата главен командант на украинските сили во февруари во 2024 година по повеќемесечните несогласувања со претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски и други официјални претставници во Киев долго време повикуваа на протерување на руските сили и враќање на украинските постсоветски граници од 1991 година, вклучително и полуостровот Крим што Русија го анектира во 2014 година.

„Се надевам дека во оваа просторија нема луѓе кои и натаму се надеваат на чудо или на некој среќен знак што ќе донесе мир во Украина во границите од 1991 година или од 2022 година или на некоја голема среќа што би се случила подоцна“, порача Залужни на форумот „Извоз на безбедност: украинско оружје во светот“ во Киев, пренесува порталот РБК Украина.

„Моето лично мислење е дека непријателот и натаму има ресурси, сили и средства да продолжи да нè гаѓа и да се обиде да направи одредени офанзивни операции“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе