Вести Свет Топ вести

Запленети 3,5 милиони евра во криптовалути, соборени околу 300 сервери – Европол урна голема хакерска мрежа

Голема меѓународна операција против сајбер криминал под назив Операција „Крај на играта“ (ENDGAME), нанесе тежок удар врз глобалните рамсонвер (ransomware) мрежи, објавија Европол (EUROPOL) и Евроџаст (EUROJUST).

„По погодивме самиот извор на нападите“, соопштија од Европол.

Во активностите од 19 до 22 мај, властите во повеќе земји соборија околу 300 сервери ширум светот, неутрализираа 650 домени, издадоа 20 меѓународни налози за апсење и запленија 3,5 милиони евра во криптовалути.

Германските власти објавија дека 18 клучни осомничени ќе бидат додадени на листата на најбарани лица во Европската Унија.

Операцијата е продолжение на најголемата меѓународна акција против ботнет од мај лани. Фокусот овојпат беше на малвери за почетен пристап со алатките кои ги користат хакерите за незабележително влегување во систем и подготовка на рамсонвер напади.

Рамсонвер нападите се облик на сајбер криминал во кој напаѓачите ги заклучуваат податоците на жртвата и бараат откуп во замена за повторно отклучување. Вообичаена мета се болници, училишта, компании и локални власти.

Малвер е општ назив за злонамерен софтвер кој се користи за инфилтрација, кражба на податоци или саботажа на компјутерските системи.

За време на акција се неутрализирани овие познати малвери: Бамблби (Bumblebee), Лактродектус (Lactrodectus), Какбот (Qakbot), ДанаБот (DanaBot), Трикбот (Trickbot) и Вармкуки (Warmcookie).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе