Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан, каде предводи македонска државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.
Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.
Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.
В понеделник, во Апостолската палата, претседателката ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Сиљановска-Давкова потоа во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.