Брисел, покрај Неапол и Марсеј, се вбројува во топ 3 европски градови со најмногу оружено насилство. Белгискиот министер за внатрешни работи и безбедност, Бернар Квентин реши да се фати во костец со растечкиот криминал и трговија со дрога. Пред себе си постави цел – реформа на полициските сили за разбивање на криминалните банди.
Но, мисијата воопшто нема да биде лесна. Притоа ќе мора да се соочи и со огромните буџетски дупки, длабоката недоверба во сојузната власт и отпорот на локалните политичари кои не сакаат влијание на државата во градските управи.
„Брисел е во катастрофална состојба“, призна Квентин во интервју за „Политико“. Иако го пофали градот поради специфичната мешавина на метрополитанска култура и провинциски мир, не штедеше критики на сметка на неговите валкални улици, на буџетската нестабилност и на ескалација на криминалот. Скандалозно е, како што вели, дека Брисел и по една година од изборите, сè уште нема формирано регионална влада.
„Градот е раб на банкрот, ако веќе не банкротирал, а безбедносната ситуација станува сè посериозна“, предупредува Квентин.
Во текот на 2024 година, во Брисел се забележани 90 пукотници со девет смртни случаи, со што главниот град на Белгија е рамо до рамо со Неапол и Марсеј по нивото на оружено насилство.