Вести Македонија

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.

Во владината делегација ќе бидат и вицепремиерот Изет Меџити, министерката за обарзование Весна Јаневска и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.

Владата на Обединетото Кралство става на располагање шест милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација, рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Тој информира дека соработкат ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и националните политики на двете земји.

Покрај најавените проекти во инфраструктурата и здравството ќе се разменуваат знаења и практики во повеќе области.

Николоски најави дека владината делегација во Лондон ќе има средби и со министерите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство, како и со раководството на „Рајан ер“ од која, како што рече, очекува да произлезат и нови летови кон Скопје.

Клучниот инфраструктурен проект од договорот е изградба и реконструкција на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, а планирани се и инвестиции за изградба на Медицински факултет во Штип и на студентски дом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе