Вести Македонија

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Со механизација се прават заштитни обрачи, низ шумите, со цел да се заштитат од пожари. Ова се дел од превентивните мерки, кои ги преземаат вработените во ЈП „Национални шуми“. Според заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов правењето на заштитни обрачи низ шумите, лани се покажа како добра пракса, кога од целосно опожарување спасија неколку села лоцирани во подножјето на планината Серта.

-Во моментот активно работиме на прочистување на патиштата коишто ги имаме, на шумската патна инфраструктура, отварање на нови патишта и средување на веќе постоечките. Тоа значи правење на заштитни обрачи за заштита од евентуални пожари, вели Михаилов.

Во моментов владини работни групи работат на  изготвување на Национална стратегија за заштита од пожари.Претходнатаанализа укажува дека ниту една институција во државата соодветно не е подготвена да се бори со пламените јазици

-Стратегијата вклучува набавка на она што никаде го нема. Значи ниту една институција не е подготвена за заштита од пожарите, вклучително почнувам од нас и сите други останати. Секаде се со дотраени возила, секаде се со опрема која малтене е неисправна и она што го кажав на почетокот, ги начекавме нашите вработени да гасат пожари буквално на влечки, во вистинска смисла на зборот. Ги начекавме со неподмирено здравство беа луѓето, рече Михаилов.

Лани во Македонија изгорела над 94.000 хектари, ова е според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, програма Коперник. Инаку во источниот регион лани еден месец беснееш пожар на планината Серта, а потоа голем пожар имаше и во Пехчевско.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе