Вести Македонија

Предлогот за нов гувернер на НБРМ утре во Собрание

Предлогот за нов гувернер на Народната банка утре ќе биде доставен до Собранието, а пратениците ќе гласаат во вторник.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува на 21 мај, по седум години на функцијата. Таа беше првата жена на оваа позиција, избрана со двотретинско мнозинство во 2018 година, со поддршка од сите пратенички групи.

Премиерот Христијан Мицкоски не откри кој е неговиот личен фаворит, но нагласи дека сите кандидати што се разгледуваат се „вонсериски искусни“ и дека клучен услов за поддршка од неговата партија е одржување на макроекономската стабилност и одбрана на фиксниот курс на денарот.

Во јавноста веќе се споменуваат неколку потенцијални имиња за нов гувернер. Меѓу нив се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, кој во моментот е претседавач во Советот на Град Скопје.

Се споменуваат и актуелната гувернерка Бежоска, како и Маја Кадиевска Војновиќ, член на надзорниот одбор на КИБС.

Економската фела очекува новиот гувернер да го продолжи процесот на модернизација на монетарниот систем, со фокус на контролата на инфлацијата, стабилен девизен курс и зајакнување на банкарскиот надзор. Народната банка игра клучна улога во одржување на економската стабилност во земјата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе