Вести Македонија Најважни

Најдобри услови за капитални проекти во инфраструктура здравство – премиерот Мицкоски за стратешкиот договор со Обединетото Кралство

Шест милијарди евра кои ќе се повлекуваат во транши и ќе се користат за капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството и енергетиката, модернизирање на армијата и засилена соработка и размена на информации на безбедносните служби во борба против организираниот криминал, трговијата со дрога и со мигранти е суштината на стратешкиот договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Преговорите за стратешкото партнерство траеле со месеци соопшти премиерот Христијан Мицкоски а договорот со Обединетото Кралство кој го окарактеризира како „неповратен чекор напред“ носи и политичка сигурност и влијае на рејтингот на државата . Тој нагласи дека условите под кои ќе се повлекуваат средствата се најдобри на пазарот бидејќи репер е Еурибор и има два фиксни параметри – грејс период и долг период на отплата.

„Репер ни е еурориборот, репер ни се два фиксни параметри а тоа се грејс период и долг период на отплата. Досега фиксирани се неколку проекти а тоа е реконструкција модернизација на пругата која што ќе ги поврзува табановце и Гевгелија со што очекуваме за десет пати да се зголеми карго транспортот и бројот на патници која ќе ја користат и да се зголеми брзината.  Довршување на Клиничката болница во Штип, заедно со медицинскиот факултети студентски дом со 200 легла, изградба на нова болница во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во тетово. Во иднина нормално ќе разговараме и за други проекти кои ќе бидат во рамките на овие услови за кои зборуваме“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Британскиот амбасадор нагласи дека не станува збор за партнерство на хартија туку на споделени вредности и посветеност и дека е најдобар показател на долгогодишната билатерална соработка.

„Ние сме големи инвеститори и британската Влада реши да го надградува тоа преку договор меѓу двете влади кој се фокусира на трговија и инвестиции за да се креира поголем раст и стотици милиони фунти од кои граѓаните на оваа и на нашата земја ќе имаат корист. Сметам дека навистина ова ќе биде секвенца на договори со кои ќе се зацврсти нашето билатерално партнерство од врвот на владата па надолу“, порача амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.

Јавниот долг нема да се зголеми туку ќе се намали и покрај заемот од шест милијарди евра бидејќи БДП-то ќе расте, смета премиерот Мицкоски. Планот на македонската влада е сите проекти што ќе се реализираат во рамки на договорот за стратешко партнерство да бидат во претходен договор со бизнис-заедницата а  договорот предвидува најмалку 70 проценти да биде локална компонента односно домашни компании.

„Очекувам БДП побрзо да расте отколку долгот. Очекувам во крајна смисла ефектите да бидат со намалување на јавниот долг а не со зголемување бидејќи станува збор за капитални инвестиции не станува збор за трошења и социјални трансфери. Знаете во градежништвото парите најмалку три пати се вртат. Првата фактура би требало да стигне на почетокот од 2027 година. Ќе имаме грејс период кога ќе можеме да се развиваме и да го растеме БДП за да не дојдеме до ситуација да порасне јавниот долг и да не го следи растот на бруто домашниот производ“, рече Мицкоски.

Потпис на договорот идната недела, во Лондон, ќе стави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе