Вести Свет

Макрон: Трамп ќе одговори на „цинизмот“ на Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е сигурен оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе реагира на, како што го нарече, „цинизмот“ на Владимир Путин по рускиот напад со дрон врз цивилен минибус во Украина, во кој загинаа девет лица.

На прес-конференција во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама, Макрон рече дека Трамп се залага за мир и дека ќе го брани кредибилитетот на САД.

Макрон, заедно со лидерите на Германија, Велика Британија и Полска, го повика Трамп да го осуди одбивањето на Русија да прифати прекин на огнот и да го зголеми притисокот врз Москва.

Францускиот претседател потсети дека иницијативата за примирје потекнува од САД и дека коалицијата на „добронамерни“ држави повторно се мобилизирала со цел постигнување мир во Украина.

(ФОТО) Деветмина загинати во руски напад врз цивилен автобус во Украина

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе