Вести Македонија

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Досегашниот министер за здравство Арбен Таравари си поднесе оставка од функцијата по внатрекоалициските превирања и несогласувања со доскорешните партнери од ВРЕДИ.

Оставката ја поднел во 15:00 часот, соопштија од неговата партија кои го објавија писмото со образложение на оставката.

-Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи.

Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес, стои во писменото образложение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе