Ситуацијата со недостиг на судии во Кочани нема да се реши, а со одлуката за делегирање на еден судија ќе се ублажи состојбата, рече претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски по одлуката на денешната седница.
Тој на новинарско прашање поврзано со недостигот на суди во судовите низ државата, посочи дека се работи за вонредни околности кои се наметнале по кочанската трагедија.
- Сметаме дека со овој еден судија барем во овој период додека ние направиме целосна анализа за сите судии во државава, донекаде ќе успее да помогне на колегите коишто работат таму. Сакам да искажам пофални зборови не само за судиите, туку на сите служби и стручни соработници, советници кои што работеа во тој суд, записничари, стварно покажаа едно високо ниво на свесност за ситуацијата во Кочани, рече Камбовски.
Во врска со надминување на проблемот со недостиг од судии, тој кажа дека е формирана комисија која што ги анализира сите судови и ќе даде предлози.
- Таа комисија треба да направи проценка каде имаме доволно судии. Од кои области и со какво искусутво ни требаат судии. Очекувам за многу краток дека ќе биде завршена. Верувам дека ќе направиме некои поместувања во судовите, во однос на корегирања на судии. Секаде има потреба меѓутоа каде што е, ајде на речеме ургентно, туку приоритетно, рече Камбовски.
Судскиот совет РСМ на денешната седница донесе одлука за времено упатување на судијата Емине Калач од Основниот суд Велес во Основен суд Кочани. Таа во наредните два месеци треба да ја подобри работата на судот во постапување кривичниот оддел на судот, каде има зголемен обем на работа под трагичните случувања во Кочани. За нејзниото делегирање имаше 11 гласаа „за“.
На денешната 522 седница на Судскиот совет на РСМ беа донесени и одлуки за разрешување на судии поротници во Апелациски суд Скопје и Основен суд Крива Паланка.
Судскиот совет се прогласи за ненадлежен за одлучување по приговорот на судија Бојана Тоиќ од Основен суд Тетово за измена на годишен распоред за работата на судии.
Во врска со претставката од Љупчо Јорданоски од Прилеп кој не се согласува со пресуда за неговата ќерка донесена во Основен суд Битола. Во претставката како што беше наведено од судијата известител, на адвокатот не му бил дозволен увид во докази. Судскиот совет констатираше дека има пропусти и ј одби како неоснована. Како неосована беше отфрлена и претставката на Ристо Бачев околу постапувањето и одлучувањето на Управен суд по предмет кој тој го водел.
Судијата известител Исамедин Лимани кажа дека има постапката за две претставки за Основен суд Гостивар поднесени од министерството за правда и Владата се бара одговорност на судијата, побара да се направи службена белешка со оглед дека овој предмет во жалбена постапка. Советот одби неколку претставки како неосновани од граѓани кои се жалеа на пресуди и постапување на судовите.