Вести Македонија Топ вести

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Заврши процесот на подготовка на Предлог Законот за Судскиот совет во кој се инкорпорирани препораките од Оценската мисија на ЕК. Со оглед на обемноста на законските измени, речиси 2/3,  се премина кон изработка на целосно ново законско решение, соопшти Министерството за правда.

Предлог Законот е доставен на мислење до Венецијанската комисија, а клучни новини кои ги предлага работната група се:

– Уредување на  постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет. Се предвидува јавност во постапката и таа не смее да биде исклучена во ниеден случај. Постапката за разрешување од функцијата претседател или заменик претседател се поведува од најмалку четири члена, а одлуката за разрешување се носи со најмалку 8 гласа. Против одлуката за разрешување на претседателот, односно заменик претседателот дозволено е право на тужба до Управниот суд.

-Прецизирање на  условите кои треба да ги исполнат кандидатите за член на Судскиот совет кои ги избира Собранието на јавен оглас или на предлог од претседателот, особено во однос на појаснување на поимот „истакнат правник“ и потребните квалификации кои треба да ги поседуваат кандидатите.  Притоа како ,,Истакнат правник,, се подразбира дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит или универзитетски професор по право со најмалку седум години работно искуство во наставно-научно звање, да се истакнал со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството, да се истакнал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права, како и да ужива углед и да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет за што приложува најмалку три препораки од универзитетски професори по право, адвокати, поранешни или сегашни судии на Уставниот суд или на меѓународни судови, или лица/е а со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит од кои две од лица кои припаѓаат на истата правна професија”.

-Зајакнување на принципите на јавност и транспарентност на постапката за избор на не-судски членови преку воспоставување на можност за јавна расправа на која кандидатите за член ќе може да се претстават  и ќе може да им се поставуваат прашања за нивното професионално искуство и стручност;

– Зајакнување на легитимитетот на процесот за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и појасно уредување на постапката за утврдување одговорност на член на Судски совет вклучувајќи и негово разрешување како и воспоставување обврска на Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите;

-Како и други измени со кои се адресираат препораките од Оценската мисија и со кои се унапредува правната рамка.

Линк од Предлог Законот за Судски совет: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=84282

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе