Вести Македонија

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера спроведе засилена сообраќајна контрола по оперативната акција „Безбеден сообраќај”. За време на контролата биле преземени мерки против 92 учесници во сообраќајот, од кои 50 санкции за возачи на мотоцикл.

Како што информираат од МВР, од нив, 14 санкции се за возење мотоцикл без возачка дозвола, а 14 за возење без заштитна кацига. Девет мерки се спроведени за возење мотоцикл без положен испит, четири за возење мотоцикл во несоодветна категорија,  две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, а три санкции за непочитување на даден знак стоп од полициски службеник.

-Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реални се шансите за економски раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал – Мицкоски на самитот „Македонија 2025“

Дејан Дејан

Таравари: За излегување од Влада ќе одлучуваат партиските органи

Дејан Дејан

Мојсоска Блажески: Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе