Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави затворање на одредени невладини оргазации и медиуми. Тој во денешниот говорот по повод националниот празник во чест на Унгарската револуција од 1848 година против владеењето на Хабсбург, додаде дека ќе ја растури финансиската машина која со корумпирани долари купувала политичари, судии, новинари.
„Ќе ја елиминираме целата армија од сенка“, изјави Орбан.
Орбан ја критикуваше политиката на ЕУ, тој вети сузбивање на групите што имаат корист од финансирањето на УСАИД, велејќи дека ќе бидат елиминирани во Унгарија и ќе се соочат со „правни последици“.
Тој, истaкна дека „империјата“ која обезбедувала економска и воена помош за Украина додека се борела против руската инвазија се обидувала да ја колонизира земјата.
„Инструментот за колонизација е војната. Владетелите на Европа одлучија Украина да ја продолжи војната, без оглед на цената“, додаде тој.