Балкан Вести

Билатералните прашања на Македонија со Грција и Бугарија ја киднапираа реформската агенда за ЕУ

Билатералните прашања на Македонија со Грција, па потоа и Бугарија, ја киднапираа реформската агенда за ЕУ, е заклучокот од дебатата на тема „Како билатералните спорови влијаеја врз домашните реформи на патувањето на Северна Македонија кон ЕУ“ на третиот ден од Белградската безбедносна конференција.

Панелистите посочија дека енергијата за спроведување на реформите во општеството издиша откако блокадите за евроинтеграциите продолжија и по Преспанскиот договор со кој земјата го смени името во Северна Македонија. Дури и претставниците на ЕУ ги сметаат билатералните прашања како дел од реформската агенда, а и на политичките елити во Македонија се чини дека тоа им одговара. Тоа го намалува кредибилитетот на ЕУ и го зголемува и евроскептицизмот во општеството.

„Позагрижувачката работа е што се намалуваат демократските барања. Сите истражувања покажуваат дека граѓаните всушност веќе не очекуваат никаков трансформативен ефект од процесот на проширување во македонското општество или барем сè помалку и помалку луѓе веруваат дека вистинските реформи во земјава ќе ја донесат државата поблиску до европските вредности и ќе предизвикаат напредок во процесот на пристапување и оти само политичките фактори се одлучувачки кога станува збор за проширувањето“ вели Марко Трошановски, Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје.

Малинка Ристевска Јорданова посочи дека блокадите доведоа и до злоупотреба на европската идеја од страна на политичките елити во Македонија.

„Елитите ја научија лекцијата дека може да се извлечат со што било, сè додека е во согласност со барањата од билатералните спорови. Тие едноставно тргнаа по полесниот пат, што на крај испадна потешкиот пат за нив, затоа што изгубија изборите. Победата беше убедлива затоа што кај граѓаните веќе тоа не поминуваше. Она што се случи е што сите „да“ во билатералните барања за кои политичките елити веруваа дека ќе им поминат и дека ќе им ги „продадат“ на граѓаните како европски реформи, додека вистинските реформи беа ставени настрана. Не само што беа оставени настрана, туку имаше и сериозно назадување“, оцени Малинка Ристевска Јорданова.

Како проблем се наведува и недостигот на лидерство во Европската унија.

Срѓан Стојанчов 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе