Вести Свет

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 „најостро“ го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија.

– Иран мора веднаш и целосно да ја прекине својата поддршка за нелегалната и неоправдана војна на Русија против Украина и да го запре таквиот трансфер на балистички ракети, беспилотни летала и слични технологии, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија и Италија. Јапонија, Велика Британија и САД.

Според Г7 оружјето со кое Техеран ја снабдува Москва „претставува директна закана за украинскиот народ, како и за европската и меѓународната безбедност“.

Претходно оваа недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и дека најверојатно ќе ги употреби во рок од неколку недели, а САД, Германија, Велика Британија и Франција воведоа нови санкции за Техеран.

Москва и Техеран ги отфрлија обвинувањата на западните сојузници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе