Вести Македонија Топ вести

Пожарите никако да стивнат – пожарникарите никако да здивнат

Командирот на штипската Територијална Противпожарна единица ги скршил двете раце, а негов колега пожарникар има скршеници на едната рака, откако вчера при гаснење на пожар на старата депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, паднале во дол, по што веднаш се хоспитализирани во штипската Клиничка болница. На командирот на штипските пожарникари,веднаш му е извршена и операција на двете раце и е под болнички третман. Инаку пожарникарите за  својот командир велат дека во изминатите  две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево изјави дека денеска постепено воспостасуваат контрола врз повеќе од пожарите во земјава.

Најтежок пожар за гаснење е во Македонски Брод, кој се движи кон ловиштето Јасен. Пожари во планини и шуми се гаснат во општините Долнени, Старо Нагоричани,  а  во Ново Село на границата со Бугарија иако се изгаснати сепак постои став од негово повторно будење.  Ангелов упати апел, граѓаните кои имаат објекти во загрозените подрачја соодветно да ги заштитат.

Ангелов попладнево објави дека на територија на државата има пет активни  пожари, а се гаснат и од земја и од воздух.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Седум загинати, 69 повредени – урнати два моста во руски региони кои се граничат со Украина

Дејан Дејан

Гуми, покуќнина, санитарија, пластика – куп отпад изваден од дното на Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе