Командирот на штипската Територијална Противпожарна единица ги скршил двете раце, а негов колега пожарникар има скршеници на едната рака, откако вчера при гаснење на пожар на старата депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, паднале во дол, по што веднаш се хоспитализирани во штипската Клиничка болница. На командирот на штипските пожарникари,веднаш му е извршена и операција на двете раце и е под болнички третман. Инаку пожарникарите за својот командир велат дека во изминатите две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево изјави дека денеска постепено воспостасуваат контрола врз повеќе од пожарите во земјава.
Најтежок пожар за гаснење е во Македонски Брод, кој се движи кон ловиштето Јасен. Пожари во планини и шуми се гаснат во општините Долнени, Старо Нагоричани, а во Ново Село на границата со Бугарија иако се изгаснати сепак постои став од негово повторно будење. Ангелов упати апел, граѓаните кои имаат објекти во загрозените подрачја соодветно да ги заштитат.
Ангелов попладнево објави дека на територија на државата има пет активни пожари, а се гаснат и од земја и од воздух.
Викторија Јованова