Македонија Најважни

Бугарија e за добрососедство, но под нејзини услови

Бугарија сака долгорочно решение на отворените прашања со Македонија и нејзино членство во ЕУ, но не се откажува од барањата и реториката која изминатите месеци ги упатува кон земјава. Ова денеска експлицитно беше покажано од шефицата на бугарската дипломатиија, Екатерина Захариева, која по средбата со специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, во Софија, изјави дека Бугарија два месеци подава рака кон Македонија, а која пак продолжила со неприфатлива стратегиија на деструктивност.

„Се виде до каде доведе антибугарската кампања, обидите да се дискредитира Бугарија во сите организации, ширење на тези кои не се точни како тоа дека сме ставиле вето или дека го оспоруваме правото на самоопределување. Со сигурност не помагаат за побрзо варќање на довербата“, реле Захариева.

Ваквата стратегија, посочи Захариева, се покажало дека не само што не е неприфатлива за Бугарија, туку се покажала и крајно непродуктивна.

Таа не порпушти да ги повтори барањата на Бугарија кои ќе ја кренат рампата за Македонија во ЕУ, кои рече дека се могу едноставни – спроведување на Договорот од 2017, патоказ за негово срповедување, запирање на претензии за мпостоење на македонско малцинство во Бугарија и по однос на јазикот, решенито потигнато од 2017.

Захариева притоа ја обвини македонската страна дека го гради својот национален идентитет врз антибугарска основа.

„Тоа не може да продолжи“, кратко порача Захариева.

Специјалниот претставник на Македонија кому ова му е прва посета во ова својство на Бугарија искажа увереност дека успешно ја убедиле Захариева дека Макеоднија е решителна да го имплементира Договор за добрососедство.

„Бараме инструменти, ако тоа е патоказот, верувам дека тоа ќе може да биде алатка каде што ќе ги мериме достигнувањата во периодот кој претстои. Признаваме дека е нарушена довербата“, рече Бучковски по средбата со Захариева.

Бучковски притоа рече дека тој ќе го координира исполнувањето на Договорот, но не во делот на историјата.

„Историјата, заедничката историја не можеме да ја смениме ниту јас, ниту г-ѓа Захариева. Но може да ги смениме работите во делот на инфраструктурата, заедничките капитални проекти, посилната соработка во образованието и науката…“, посочи Бучковски.

Додека Захариева го чекаше Бучковски да разговараат за надминување на недовербата, бугарскотот МНР лиферуваше соопштение во кое ги повтори своите позиции, како одговор на вчерашната реакција на македонската влада на блокадата. Притоа се наведува дека без гаранциите на кои инсистира Бугарија таа не може да ја прифати преговарачката рамка за земјава, а оти на македонската јавност и биле презентирани лажни информации во врска со бугарските позиции.

„Со наследен тоталитарен историски наратив, тешко е да се најде поддршка од Бугарија. Време е владата на Република Северна Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија или нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат“, се наведува во реакцијата од бугарското МНР.

Притоа се наведува дека Бугарија не прифаќа афирмацијата на идентитетот на граѓаните на Македонија да се изврши во конфронтација со соседните земји и на штета на нивните национални интереси.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Уставен пресече во корист на независните кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе