Вести Свет

Зеленски: Руското оружје во Белорусија укажува на неуспехот на состанокот Путин-Си

Неуспешна беше неодамнешната средба меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, на што укажува токму намерата на Русија да распореди нуклеарно оружје во Белорусија, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски смета дека целта на ваквата одлука е, по неуспехот на неодамнешната средба меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, со распоредувањето нуклеарно оружје кај соседот да се покаже некаков кредибилитет, кој, како што оцени, Русија целосно го изгуби под водството на Путин, пренесува „Ал Џезира Балканс“.

Украинскиот претседател оцени дека Путин треба да покаже некаква „победа“, но дека тоа не може да го направи на бојното поле.

Затоа, додаде тој,  најавата на Москва за распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија укажува и на целосно губење на кредибилитетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Мислам дека тој повеќе не одлучува какво оружје ќе има на негова територија, рече украинскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе